Добредојдовте во Картнер-М
Уникатниот пристап на работа и следењето на нови трендови е она што не издвојува од останатите – Картнер-М е единствена компанија во Македонија што нуди дигитално печатење на самолепливи етикети во ролна. Поседуваме машини од светски реномирани компании како HP Indigo и SMAG Graphique, и користи исклучиво материјали од водечки производители. Секогаш следејќи ги сите најнови трендови во печатарската индустрија, Покрај печатење на етикети во ролна, Картнер-М нуди можност и за доработка на етикети со фолија, сито, и сув жиг со цел етикетите да добијат посебни ефекти
Дознај повеќеВашиот производ има само една шанса за прв впечаток. Дозволете му да се истакне преку нашите висококвалитетни и премиум етикети.
Топлиот печат е печатење елементи на етикетите со секаков вид и бои на фолии. Познат како злато печат, топлиот печат се користи за добивање на високо квалитетни ефекти кои придонесуваат до изгледот на етикеитте. Топлиот печат често се користи во винската индустрија со цел производите да добијат ексклузивен и специјален изглед.
Сито печатот се користи за добивање рељефни ефекти со лак или боја на етикетите со цел производите да добијат ефекти со видлива истакнатост и ексклузивност. Можност за печатење сито ефекти со сјајни и мат лакоиви и бои.
Сув жиг или блиндрук е вдлабнат печат со притисок кои се користи кога треба да се добие рељефен ефект на дел од етикетата без било каква употреба на боја или лак. Сувиот жиг лесно се приметува на изглед и на допир.
Штанцањето и сечењето е завршниот процес каде што етикетите се штанцаат според потребната форма и димензија, а потоа се сечат со ножеви во котури со количина наведена од купувачот.
Креирајте персонализирани етикети со нашиот голем избор на вински дизајни. Нашите етикети се погодни за секоја пригода.
Терминот станува се повеќе популарен, но се користи погрешно од страна на бизнис светот. Време е да се запознаеме во детали со брендирањето.