Image

За Картнер-М

Картнер-М е приватна компанија од Скопје, основана во 2014 година. Фирмата се занимава со печатење и доработка на високо квалитетни етикети, со најсовремени методи. Со професионален кадар, високо квалитетната изработка, и врвната технологија, за кратко време Картнер-М се постави како водечка компанија во печатарската индустрија. Поради константниот раст и се повеќе задоволни клиенти, за помалку од две години Картнер-М го дуплираше бројот на вработени и значително го зголеми бројот на клиенти. Секогаш следејќи ги сите најнови трендови во печатарската индустрија, Картер-М е единствена компанија во Македонија што нуди дигитално печатење на самолепливи етикети во ролна. Компанијата поседува машини од светски реномирани компании како HP Indigo и SMAG Graphique, и користи исклучиво материјали од водечки производители. Покрај печатење на етикети во ролна, Картнер-М нуди можност и за доработка на етикети со фолија, сито, и сув жиг со цел етикетите да добијат посебни ефекти.

Зошто да не одберете нас?

Поседуваме најсовремени машини и имаме стручен кадар специјализиран за изработка на високо квалитетни етикети. Сите хартии, бои, и материјали се набавени исклучиво од најдобрите светски компании. Исто така користиме најсовремени инструменти од компанијата X-Rite со што успеваме да добиеме најпрецизен печат и бои. Можностите со нас се бесконечни.

Со рок од 7 дена за испорака и голема флексибилност во нарачките, клиентите секогаш знаат дека можат да се ослонат на нас знаејќи дека се ќе им биде испорачано на време без разлика од количината. Флексибилноста со количините и нарачките е од големо значење за динамични компании, и ние секогаш целиме да ја следиме нивната динамика.

Професионалноста е една од најбитните работи во секоја соработка, и ние секогаш се трудиме да ги надминеме очекувањата на клиентите. Сите барања и желби ги исполнуваме со максимална посветеност и нудиме техничка подршка во печатењето и подготовката.

Image